Малолетници затекнати во дискотека по полноќ

17.06.2019 13:01 | KumanovoNews

Тројца малолетни лица биле затекнати во кумановска дискотека по полноќ, објави полицијата.

Малолетници затекнати во дискотека по полноќ

При извршена контрола на 16.06.2019 година во периодот од 00.30 до 03.30 часот полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во дискотека во с.Проевце, биле затекнати три малолетни лица.  Изготвен е Записник за констатиран прекршок согласно одредбите од член 21 од Законот за прекршоците против јвниот ред и мир, - соопштува МВР.

 Исто така, било затекнато и едно лице кое со себе не носело лична карта за идентификација за што ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk