Малолетник го фатила струја додека правел селфи на вагон

12.09.2016 08:31 | KumanovoNews

Две момчиња од Куманово и Липково тешко се поврeдени откако се качиле на вагон на железничката станица во Куманово да направат селфи.

Малолетник го фатила струја додека правел селфи на вагон

Инцидентот се случил завчера во 23 часот, кога малолетниците  на возраст од 16 и 17 години, одлучиле да се сликаат на вагон-контејнер на товарен воз кој стоел на станицата. Откако се поткачиле на кровот, помалото момче, кое било од Куманово, го допрело електричниот проводник и се здобил со изгореници на грбот, левата нова и стомакот. Кога видело што се случува второто момче скокнало од вагонот и тешко се повредило од падот.

По укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, момчето со изгореници било пренесено во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје. Седуманесетгодишникот бил задржан во хируршкото одделение во Кумановската болница. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Додека траел увидот железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 23.00 часот до 02.00 часот по полноќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk