Малолетник и двајца возачи повредени во сообраќајка на автопатот Куманово- Скопје

15.01.2021 14:05 | KumanovoNews

Три лица, меѓу кои еден малолетник се повредени во сообраќајна несреќа, на автопатот Скопје-Куманово, после наплатната станица Миладиновци.

Малолетник и двајца возачи повредени во сообраќајка на автопатот Куманово- Скопје

Несреќата се случила  вчера во 18.40 часот, помеѓу патничкото возило „фиат стило“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(19) од с.Слупчане, општина Липково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Општа болница Куманово", соопштуваат од МВР.

Увид на местото на незгодата бил извршен  од увидна екипа од СВР Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk