Малолетник криумчарел мигранти од Непал во кумановско

18.12.2024 11:23 | KumanovoNews

На локалниот пат Куманово - Речица, синоќа околу 23 часот биле пронајдени девет мигранти од Непал.

Малолетник криумчарел мигранти од Непал во кумановско

„Полициски службеници од Мобилната единица од Одделот за гранични работи и миграции лишиле од слобода 17 – годишник од Виница. При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk