Малолетник повреден од мотокултивар на нива во липковско

03.06.2024 13:58 | KumanovoNews

Малолетно лице се здобило со тешки повреди од мотокултиватор додека работело на нива во липковско село.

Малолетник повреден од мотокултивар на нива во липковско

Вчера во 08.45 часот во полиција, од Итна медицинска помош Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од с.Ропаљце, општина Липково. 

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 08.00 часот на нива во селото од мотокултиватор со кој работеле негови роднини“, соопшти МВР. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk