Малолетник повреден со остар предмет

07.05.2024 09:37 | KumanovoNews

Малолетно момче од липковското село Отља завчера било повредено со остар предмет, пренесено e на лекување во Ургентен центар во Куманово.

Малолетник повреден со остар предмет

 Случајот во полиција го пријавил неговиот татко.

„На 05. мај во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk