Малолетник предизвикал пожар во затворот К`шање, полицаец хоспитализиран заради загушување

30.11.2022 11:52 | Сузана Николиќ

Еден полицаец е повреден во вчерашниот пожар што избувнал во една од собите во притворското одделение во Казнено поправната установан „Куманово“, затвор К'шање. Полицаецот е задржан во Кумановската болница поради вдишан чад и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.

Малолетник предизвикал пожар во затворот К`шање, полицаец хоспитализиран заради загушување

Пожарот го предизвикал малолетник кој предходната вечер бил донесен во затворот, велат надлежните.

„Пожарот е предизвикан вчера во 12.15 часот. Веднаш интервениравме и го ставивме под конторла. При извлекување на притворените од собите еден полицаец вдишал поголема количина на чад поради што е хоспитализиран. Други повредени нема.  Поради брзата реакција на вработените и противпожарната служба избегната е поголема катастрофа. Случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на лице место“, изјави директорот Ненад Цветковиќ.

Од Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) Куманово известија дека тие интервенирале на гаснење на пожарот до 13:20 часот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk