Малолетник украл 10.000 евра од подрум на татко му

07.12.2017 12:19 | KumanovoNews

До Основното јавно обвинителство Куманово поднесено е известување против 14-годишник од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.

Малолетник украл 10.000 евра од подрум на татко му

Малолетникот, во периодот од 26.04. до 01.05. годинава, искористувајќи згодна прилика и необезбедна врата од подрумска просторија од куќа, лоцирана на ул. „Мирче Ацев“ во Кратово,  сопственост на неговиот татко, влегол внатре и од машки кожен паричник, во кој имало 15.500 евра, 700 американски долари и 20.000 денари во разни апоени, одзел 10.000 евра во апоени од по 500, 200 и 100 евра и 100 американски долари или севкупно околу 620.000 денари.

Кражбата, во Полициската станица Кратово, ја пријавил неговиот татко. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk