Малолетно девојче побегнало од дома

24.05.2019 10:50 | KumanovoNews

Татко пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка заминала од дома во непознат правец.

Малолетно девојче побегнало од дома

Според СВР Куманово, 58-годишен маж од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, пријавил дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот.

Според пријавеното, најверојaтно таа е заедно со момчето С.В. со кого претходно неколку пати заминувала и потоа повторно се враќала во домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk