Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, смета дека според Законот за локална самоуправа, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година додека на советниците е истечен на 24 март годинава.
„Мандатот на градоначалниците е регулиран со член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа каде стои дека маднатот трае до завршување на тековната година, што значи до 31-ви декември. Па со оглед на изминатиот мандат на советниците , градоначалниците извршуваат техничка функција и општините не смеат да прекинат да функционираат, во спротивно ќе се соочат со законски санкции,“ - стои во соопштението од Инспекторатот.
Од таму додаваат дека мандатот на советниците е истечен на 24-ти март, поради што сите одлуки кои Советите на општините ги донеле по истекување на мандатот се поништени од Инспекторатот за локална самоуправа и ставени вон сила.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk