Манов си оди од Советот?

08.02.2011 10:51 | KumanovoNews

 Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Глигор Манов ќе си поднесе оставка во Советот на Општината заради судир на интереси при вршење на повеќе функции инстовремено.

Манов си оди од Советот?

Имено како што неофицијално дознаваме, Манов ќе го задржи директорското место во Заводот за здравствена заштита Куманово, бидејќи неодамна од вршител на должност, добил ново решение и е назначен за директор. Поради што бил притиснат од партијата ја спроведе наредбата да нема акумулирање на функции кај партиските функционери.

Се работи за партиска одлука и јас ќе ја испочитувам во наведениот период од 30 дена. Ќе направам некои мои лични согледувања и ставови. Одлуката ќе биде интимна, а кога ќе се одлучам ќе ја објавам - изјави Манов за kumanovonews.

На местото на Манов, на советничкото столче ќе седне Бране Петрушевски, претседател на младите на ВМРО-ДПМНЕ.  

Пред неколку месеци оставка од Советот си поднесе и советникот Миомир Панковски,кој остана на функцијата директор во Здравствениот дом.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk