Марихуана и кокаин најдени кај кумановци

17.03.2014 13:28 | KumanovoNews

Во два одделни случаи деновиве полицијата пронашла марихуана и кокаин кај кумановци.

Марихуана и кокаин најдени кај кумановци

Во дворот на Д.Н.(28) на улица “425“ во населба Иго Тричковиќ пред четири дена при претрес полицијата пронашла 37 грама марихуана.

При претрес на автомобил “бмв“ вчера на крстосница меѓу улиците “Бајрам Шабани“ и “Ѓуро Ѓаковиќ“ се најдени 1,42 грама кокаин. А.Б.(22) и Р.А.(23) од Куманово претходниот ден дрогата ја набавиле од лице од Косово.

Против сите тројца се поднесени кривични пријави за  „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk