Марина Манојловска меѓу најдобрите просветни работници во земјава

23.08.2019 10:56 | KumanovoNews

Директорката на основното училиште „Браќа Миладиновци“, Марина Манојловска, избрана е меѓу најдобрите просветни работници во Македонија за 2018/2019 година, од Сојузот на просветни работници на Македонија.

Марина Манојловска меѓу најдобрите просветни работници во земјава

Манојловска за ова признание е предложена од членовите на училишниот одбор на нејзиното училиште, а вчера и било соопштена радосната вест дека е една од  неколкуте наградени просветни работници во државата.

„Ова за мене значи огромна сатисфакција, прво затоа што колегите ме предложиле, а второ затоа што и оние коишто ме прогласиле имале високо мислење за мојот труд и работа во овие 30 години просветен живот. Наградата го верификува вашиот труд, но за мене мотив се децата, не наградите. Се додека работам во образoванието за мене најважни ќе бидат децата, - изјави Манојловска за Кумановоњус.

Манојловска е единствен награден просветен работник од Куманово.

Наградата за постигнати видни резултати во воспитно-образовната работа и други активности во училиштето на Манојловска ќе и биде врачена на свечена академија по повод Светскиот ден на учителот - 5 октомври, која ја организира Сојузот на просветни работници на Македонија.

Манојловска веќе втор мандат го води училиштето „Браќа Миладиновци“, а зад себе има долгогодишна кариера како одделенски наставник. Како директор реализираше  бројни проекти од домашни и меѓународни донатори, за поодобрување на условите за работа на учениците и вработените.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk