Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Марјан Спасовски-Ефто е нов директор на Казнено-поправната установа - затвор Куманово.
Неофицијално, Спасовски е наименуван на функцијата на владина седница во петок.
Доаѓа на местото на досегашната директорка Соња Цветковска од ВМРО-ДПМНЕ, која два мандати раководи со установата.
Спасовски е дипломиран правник и досега работеше како заменик директор во ЈП „Пазариште“, член е на надзорниот одбор на СДСМ и беше во игра за неколку раководни функции на централно ниво.
Во состав на КПУ Куманово се затворот од полуотворен тип во село Кшање и отвореното одделение во Крива Паланка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk