Марко Тренчевски нов претседател на Млади социјалисти на Македонија

26.10.2018 15:19 | KumanovoNews

Марко Тренчевски од Куманово е избран за нов претседател на Млади социјалисти на Македонија (МСМ), на конгресот кој се одржал на 20 октомври во Скопје.

Марко Тренчевски нов претседател на Млади социјалисти на Македонија

- Изборот не е само чест, туку и полем предизвик за мене, да го продолжам патот по кој одевме и ќе продолжиме во иднина, како составен дел на Социјалистичката партија на Македонија(СПМ). Свесен сум дека изборот на одредена функција значи пред се совесно и одговорно извршување на задачата. Со својата работа имав прилика да ја добијам вашата доверба, но свесен сум дека со изборот на оваа функција морам да почнам од почеток и да покажам дека подршката е оправдана. Прва задача ќе ми биде составување на тим кој ќе ја спроведе програмата на Социјалистичката партија, - рече во своето обраќање Тренчевски.

Тренчевски по професија е информатичар, а доаѓа на местото на досегашниот претседател Драган Атанасовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk