Марш за родова рамноправност во Куманово

08.03.2018 08:32 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово денеска во 12 часот ќе се одржи Марш за родова рамноправност.

Марш за родова рамноправност во Куманово

Маршот ќе почне од Градски архив до Жена Борец - Кумановка пред Центар за култура, каде ќе се положи цвеќе и ќе се испрати порака.

Цвеќињата од хартија ќе се споделат со случајни минувачи кои љубезно ќе бидат поканети да се приклучат и да се фотографираат со изработените пораки и ќе им се објасни кратко активноста и нејзината цел.

Македонската платформа против сиромаштија оваа година се вклучи во активностите за 8-ми Март , за да за прв пат даде симболичен белег на денот и ги повика своите членки да се приклучат со пораката – Сиромаштијата е сектистичка и други пораки креирани на од страна на членките  - здруженија и поединци.

Маршот го организира Здужението Јустиција, Здружение Фибула и Македонската платформа против сиромаштија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk