Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартин Костадиновски, ученик во третта година во Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово освои третто место на државен натпревар по математика, кој се одржал онлајн по повод Меѓународниот ден по математика - 14 март.
Тестовите ги подготвувале, прегледувале и оценувале професори од Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Не сум изненаден од успехот на Мартин, јас го пријавив затоа што е исклучително талентиран за математика. Добива сертификат од Сојуз на математичари на Македонија, нешто кое ќе му донесе бонус поени доколку сака да се запише на ПМФ, но секако дека е значителен плус на кој и факултет да конкурира“, истакна менторот Милош Каранфиловиќ.
Натпреварот се одвива по електронски пат, односно се решава он-лајн. Учениците имаат 90 минути за решавање на тестот, а потоа на и-мејл адресата ги добиваат резултатите.
Поранешните искуства говорат дека секогаш има голем интерес на национално ниво за државните натпревари, а во последно време се поактуелни кај учениците се природните науки.
Мартин Костадиновски не е исклучок од правилото, за во иднина планира школување кое секако ќе ја вклучува токму математиката како еден од есенцијалните предмети.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk