Мартин Костовски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово

02.07.2025 22:00 | KumanovoNews

Oрганизацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски е кандидат за градоначалник на СДСМ за Куманово, на престојните локални избори. 

Мартин Костовски е кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово

Одлуката е донесена вечерва на Извршниот одбор на паријата.

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени. Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно“, напиша Костовски.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk