Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мартин Костовски е нов координатор на СДСМ за Североисточниот регион. Костовски, кој два мандати беше претседател на општинаската организација на СДСМ Куманово, доаѓа на местото на Владимир Арсовски.
Координаторот на регионот има задача да работи организациски и политички со претседателите на ограноците во регионот, а се бира на предлог на лидерот на СДСМ.
„Ви благодарам на довербата, заедно Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Липково ќе бидат сдсмовски бастиони. Заедно со претседателите на општинските ќе работиме и креираме политики за подобар живот во Североистокот“, вели Костовски.
Костовски е пратеник на СДСМ во Собранието на Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk