Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ по 16 пат на градскиот плоштад во Куманово

11.05.2018 09:02 | KumanovoNews

 На градскиот плоштад во Куманово, утре во 18 часот ќе се одржи традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2018“.

Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ по 16 пат на градскиот плоштад во Куманово

На манифестацијата се очекуваат над 2.000 учесници од градинките, основните и средни училишта и граѓани со индивидуални и групни маски. Редовни гости во ревијалниот дел се ученици од струмичките училишта со маски од Струмичкиот карневал.

„Од 17.30 часот ќе започна дефилето по кумановските улици, а во 18 часот официјалното претставување на маските. Тричлено стручно жири ќе ги оценува маските, по што ќе ги прогласи победниците. Ќе имаме награди за поединечна и групна маска. Ќе следува и богата културно-уметничка програма“, - изјави Нино Величковски, директор на Фондацијата за култура и спорт.

Организаторите ги повикуваат граѓаните масовно да го посетат маскенбалот.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ се одржува под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондацијата за култура и спорт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk