Маскенбал „Батко Ѓорѓија“ утре на Градскиот плоштадот во Куманово

05.05.2023 10:22 | Оливера Пешевска

Традиционалната културно-забавна манифестација- маскенбал „Батко Ѓорѓија“ ќе се одржи утре,/сабота/ на Градскиот плоштад во Куманово.  Манифетацијата ќе започне во 11 часот, а  учество ќе земат ученици од сите основни и средни училишта од општината, како и дечињата од градинката „Ангел Шајче“.

Маскенбал „Батко Ѓорѓија“  утре на Градскиот плоштадот во Куманово

Новина е тоа што на маскенбалот нема да има награди, туку за прв пат ќе има ревијален карактер.

„Годинава нема да избираме најдобра маска и да доделуваме награди, туку целата манифестација е со ревијален карактер.По пријавите имаме 27 групни и 2 индивидуални маски, со околу 800 учесници .На сите нив ќе им бидат доделени благодарници“, изјави Марио Арангеловски,директор на Фондацијата за култура и спорт.

Поаѓањето е закажано од пред Театар Куманово во 10 часот, а дефилето со учесници ќе пристигне на Градскиот плоштад во 11 часот. Сите учесници имаат изберено своја музика и подготвено кореографија со која ќе настапат.

Фондацијата за култура и спорт е организатор на настанот и за него ќе потроши 50 илјади денари .Покровител е градоначалникот и Совет на Општина Куманово. 
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk