Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад во Куманово

09.05.2025 21:29 | KumanovoNews

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ по 21 пат ќе се одржи утре, со почеток во 10 часот на Градскиот плоштад во Куманово.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад во Куманово

За учество се пријавени 15 групни маски, со 500 учесници, кои ќе продефилираат на плоштадот.

„Со заедничка групна маска ќе учествуваат средношколците од „Наце Буѓони“, „Перо Наков“ и Гимназија „Гоце Делчев“, а државното „Киро Бурназ“ ќе настапи самостојно. Своја точка ќе имаат и најмалите од Градинката „Ангел Шајче“, а останатите 12 групи се од општинските основни училишта. Нема да има дефиле низ улиците, туку манифестацијата започнува на плоштадот, затоа што за викендот се очекува дожд“, истакна директорот Марио Арангеловски.

Веќе трети пат маскенбалот има ревијален карактер, наместо награди сите учесници ќе добијат благодарници за учеството.

Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на Општина Куманово во висина од 50.000 денари.   

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk