Маскирани напаѓачи претепале момче со дрвени палки

31.05.2016 15:26 | KumanovoNews

Поголема група на маскирани лица со дрвени палки нападнале и претепале момче на ул.„Доктор Рибар“ во Куманово.

Маскирани напаѓачи претепале момче со дрвени палки

Нападот се случил 30 минути по полноќ, додека двајца браќа си враќале дома. Тогаш се појавила групата напаѓачи со палки во рацете, по што еден од браќата почнал да бега. Насилниците го стигнале другиот брат и почнале да го удираат во пределот на телото и главата. Тој успеал да побегне кон куќата, а другиот се јавил во ПС-Куманово. Полициски службеници ги забележале напаѓачите, кои ги фрлиле дрвените палки и се дале во бегство. Во 00.35 часот од слобода е лишен Н.М. (21) од Куманово. Повредениот веднаш бил пренесен во ОБ-Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk