Mасовна тепачка за паркинг

08.01.2010 19:32 | KumanovoNews

Осум лица од Липково учествувале во масовна тепачка, откако двајца нивни роднини се скарале за паркинг простор во центарот на Куманово.

Mасовна тепачка за паркинг

Пресметката настанала вчера околу пладне кога Ф.А.(50) му удрил неколку тупаница на В.Д. (36), затоа што не можеле да се договарат кој да го паркира својот автомобил. Револтиран од ваквиот однос В.Д заминал во Липково каде што ги повикал своите роднини Е.Д. (46), Р.Д. (61) И М.Д. (55) И со автомобил тргнале кон Куманово за да се пресметаат со Ф.А.

Ф.А. работел како таксист и во моментот превезувал патници, па се сретнале во близина на с. Бедиње. Тогаш помеѓу двете возила настанала бркотница која резултирала со сообракајна незгода во с. Опае. При тоа дел од патниците биле повредени.

Настанала тепачка, при што на В.Д. на помош му пристигнале и неговите роднини М.А. (41) М.Љ. (27) и М.Н.(31) сите од Липково.

Во моментот на пресметката по патот со возило поминувал полициски слузбеник кој не бил на должност, кој за да ја прекине тепачката испукал неколку предупредувацки истрели во воздух.

Заради расчистување на случајот во СВР Куманово се приведени лицата кои учествувале во тепачката, додека возачот на такси на возилото Ф.А. е хоспитализиран во Општа болница Куманово поради нанесени повреди.

СВР Куманово работи на целосно расчистување И документирање на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk