Масовно се крадат сообраќајните знаци во Куманово

19.03.2015 14:02 | KumanovoNews

Сообраќајните знаци на патиштата во Куманово масовно се крадат.

Масовно се крадат сообраќајните знаци во Куманово

 Ова го тврдат од кумановската секција на ЈП „Македонија пат“, кои  апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат кон сообраќајната сигнализација на магистралните и на регионалните патишта.

 “Знаците и таблите ги користат како масички во дворовите, а столбовите за поставување огради. Пријавуваме во полиција, но многу ретко се наоѓаат сторителите“ – вели Драгослав Арсиќ, вработен во Македонија-пат Куманово за МИА.

Просечно поставувањето на сообраќаен знак, инфомираат надлежните, чини и до 9.000 денари, вклучувајќи ја изработката, поставувањето и транспорот.

ЈП „Македонија пат“ пред две и пол години постави над 500 сообраќајни знаци и паткозни табли.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk