Матејчанец насила одзел јакна на којнарец

22.04.2013 14:17 | KumanovoNews

О.О. (40) од село Матејче на сила му одземал јакна на којнарец на Автобуската станица во Куманово.

Матејчанец насила одзел јакна на којнарец

Инцидентот се случил на 9 април, кога матејчанецот со закана со нож  ја одземал јакната на Д.Ѓ.(44) од Долно Којнаре. Во јакната останале и документите на сопственикот.

На О.О. истражен судија му одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Тој кривично ќе одговара за “разбојништво“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk