Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 70 отсто од матичните лекари во Куманово, во првото тромесечје од 2014 година, ја надминале квотата за препишување на антибиотици за што се опоменати од Министерството за здравство.
Резултатите и во следните тромесечја ќе се сумираат и на крај на годината ќе се направи порамнување,поради што постои ризик лекарите да бидат казнети од капитација.
На крај на годината ќе се прави пребројување на препишаните лекови и најверојатно казните ќе бидат поголеми. Лекарите да внимаваат на антибиотиците и да ги препишуваат само ако е неопходно. Фондот треба да биде свесен дека оваа година со новите договори доколку не ја покачат квотата на препишани лекови, да ја вратат на 550 денари, најверојатно нема да дојде до потпишување на нови договори - вели Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.
Асани смета дека најдобро решение е квотата на препишани лекови да се врати по старо како што функционираше до пред неколку години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk