Матичните лекари, гинеколози и стоматолози ќе добијат поголема капитација за 8 денари

30.10.2019 16:35 | KumanovoNews

Сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија од октомври ќе добијат покачување од 15 отсто на капитацијата, за што Фондот за здравствено осигурување обезбеди дополнителни 465 милиони денари годишно.

Матичните лекари, гинеколози и стоматолози ќе добијат поголема капитација за 8 денари

Од Фондот кажаа дека со тоа ќе им се овозможи на избраните лекари да ги подобрат материјалните и техничките капацитети, за да можат пациентите да добијат квалитетна здравствена услуга.

„Со тоа што ќе добијат квалитетна здравствена услуга уште кај матичните лекари ќе се растеретат лекарите на секундарно и терциерно ниво. Се поттикнува превентивната здравствена заштита“, рече Дончев и додаде дека ќе направат нов шифрарник на услуги според ефикасни протоколи и упатства.

Премиерот Зоран Заев смета дека со оваа мерка се зголемува капитацијата за осум денари на матичните лекари и дека со ова се надеваат дека ќе ги мотивираат матичните лекари да вработат и трет или четврт член во тимот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk