Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со оглед на актуелната состојба со панедемијата со вирусот Ковид -19, лекарите од приватните здравствени установи од Куманово, бараат од нивните пациенти без голема итност да не одат во ординациите, а доколку тоа е неопходно да ги почитуваат препораките со цел да го заштитат сопственото здравје, здравјето на нивните најблиски, како и на сите граѓани во државата.
Претседателот на Здружението на матични лекари во Куманово, др. Фатмир Асани, вели дека последниот случај во Дебар, кога од коронавирус се заразија четворица здравствени работници во примарното здравство, ја покажува сериозноста на овој проблемот и затоа апелира пациентите да се однесуваат совесно и дисциплинирано во дадената ситуација. Советува да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, да седат дома и да не излегуваат без причина, како и да се однесуваат според предвидените мерки при престојот во приватните ординации.
- Доколку немате итна и неодложна потреба, избегнувајте го доаѓањето во приватните здравствени установи. Ако имате потреба од препис на хронична терапија, упат за итни состојби, боледување или лекарски потврди јавете се на телефоните во ординациите на вашиот лекар. При доаѓање во нашите простории доколку затекнете други пациенти во чекалната, држате растојание едни од други, најдобро почекајте надвор, при што ќе бидете повикани од страна на медицинските сестри. Бидете трпеливи и дозволете непречено да се одвива работата на лекарите и сестрите. Сите овие мерки се со цел го заштитиме вашето здравје и да спречиме натамошно ширење на вирусот Ковид-19, - вели др. Асани.
Тој додава дека сите пацеинти кои имаат симптоми на кронавирус треба да се јават на телефоните во Центарот за јавно здравје во Куманово, а не да доѓаат во приватните ординации.
Докторот вели дека државата треба да обезбеди повеќе маски и ракавици за пациентите, бидејќи тоа е проблем со кој се соочуваат во моментот и треба што побрзо да се реши.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk