Матурантите да не возат на прославата

17.05.2012 09:10 | KumanovoNews

 Од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелираат до родителите за време на матурските прослави да им обезбедат превоз на децата и да не дозволат сами да управуваат со возило.

Матурантите да не возат на прославата

Без оглед дали имаат или немаат возило и возачка дозвола, дали се чувствуваат способни и дали нема да конзумираат алкохол, се работи за прослави каде ризикот од несреќи е голем. Дури и ако се чувстваат способни да возат, заради безбедност на другите учесници во сообраќајот не треба да возат - вели Тоше Јанев, портпарол на РСБСП.

Возачите почетници не смеат да конзумираат алкохол, а по 23 часот мора да бидат придружувани од лице кое е постаро од 25 години. Ова пропишано со закон.

Во последниве две години немало сообраќајни несреќи за време на матурски прослави.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk