Матурантите денеска полагаат мајчин јазик од државна матура

27.05.2017 09:58 | KumanovoNews

Во средните училишта во Куманово денеска во 10 часот започна полагањето на првиот, задолжителен предмет од државната матура.

Матурантите денеска полагаат мајчин јазик од државна матура

Испитот по македонски и албански јазик ќе го полагаат 1838 матуранти од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Наим Фрашери“, техничкото училиште „Наце Буѓони“, економското училиште „Перо Наков“ и земјоделското училиште „Киро Бурназ“.  Според дел од директорите испитот започнал навреме и нема никакви проблеми во неговото спроведување.

„Во Гимназијата Гоце Делчев, матураа полагаат 282 матуранти. Дојдоа сите ученици, испитот започна навреме и без проблеми. Тестовите беа донесени во 8 часот, а дојдоа и тестатори од Министерството за образование и Бирото за развој. Испитот ќе трае од 10 до 14 часот, - изјави Соња Тодоровска, директорка во гимназијата „Гоце Делчев.“

Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ македонски јазик полагаат 112 ученика, а албански јазик 190 матуранти. И таму подготовките и почетокот на испитот поминале без проблеми.

Тестот содржи прашања од граматика, литература и есеј на дадена тема.

Во наредните денови ќе се полагаaт изборните предмети. Првите резултати се очекуваат за околу еден месец.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk