Матурантите од Куманово повторно на протести

18.03.2015 09:08 | KumanovoNews

Средношколскиот пленум од Куманово утре во 12 часот ќе организира протест пред подрачното Министерството за образование и наука во Куманово.

Матурантите од Куманово повторно на протести

Матурантите се револтирани затоа што немаат одговор од надлежните за нивното барање математиката да не биде задолжителен предмет при полагање на државна матура.

„Протестот ќе биде изведен на ист начин како и минатиот пат, но овој пат нема да се бојкотира настава. Договорено е средношколците да протестираат во своите градови пред канцелариите на МОН“- велат од Интерниот средношколски пленум во Куманово.

Матурантите при крајот на минатиот месец, четири дена протестираа барајќи математиката да не биде задолжителен предмет на државна матура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk