Матурантите од Куманово танцуваа со своите врсници во Европа

21.05.2010 12:03 | KumanovoNews

 Матурантите од Куманово точно напладне на Градкиот плоштад изведоа синхронизирано танцување „Квадрил„ на музика која се емитуваше преку радио сигнал. Околу триста матуранти од градот, облечени во црвени и бели маички заедно со уште 40 илјади матуранти од седумдесетина европски градови и оваа година беа дел од големата матурска парада.

Матурантите од Куманово танцуваа со своите врсници во Европа

 Матурантите се задоволни од својот настап и целокупната манифестација.

Иако не сме дел од Eвопската Унија, со овој бал се почувствуавме дека сме на исто ниво со нашите врсници од евроспките држави-велат матурантите од  Гимназијата.

 Локалната самоуправа секоја година ја подржува манифестацијата.Градоначалникот Зоран Дамјановски ги поздрави матурантите им го честиташе полнолетството и потсети дека Куманово со овој настан ја покажа својата европска зрелост и можност да стане дел од европската мапа.

На звуците на Штраус матурантите танцуваа 5 минути во знак на нивното полнолетство. Ние како локална самоуппрва ги подржуваме нашите помлади сограѓани, и идни рамноправни учесници во општествениот живот, затоа што со нив нашите чекори се побрзи кон европското семејство. Ове е дел од културната програма на градот и убав начин да се промовира Куманово во земјите каде што денеска се танцуваше - рече градоначалникот, обраќајќи им се на матурантите.

За обуката на учениците беа задолжени професорите по физичко образование, а селекцијата беше на принцип на доброволна заинтересираност на матурантите.

Оваа година имавме најголем број на учесници. Задоволни сме настапот, бидејќи трудот се исплатеше. Матурантите дојдоа во толкав голем број и покрај тоа што овие денови беа и прославите на матурските забави - смета професорот Зоран Ивановски во гимназијата „Гоце Делчев„.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk