Mатурaнтите слават со трубачи

15.05.2012 12:56 | KumanovoNews

Матурантите по традиција крајот на школската година задолжително го слават со трубачки оркестри.

Mатурaнтите слават со трубачи

Денеска во техничкото училиште “Наце Буѓони“ ќе се организира журка за матурантите, кои го завршуваат средното образование. Нивната забава ќа ја збогатат трубачки оркестри. Утревечер матураните од ова училиште ќе слават во ресторан.

И годинава се избираат тројца ученици на генерација од трите насоки. Нив ќе им бидат доделени награди од спонзорите и признанија од наставничкиот совет.

Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ матурска прослава има закажано за 17 мај, а учениците од Гимназија “Гоце Делчев“ и економското училиште “Перо Наков“ ќе слават на 18 мај. И гимназијаците деновиве ќе прослават во училиштето со трубачи.

Полагањето на матурите ќе биде на 12 и 14 јуни. Средношколците можат да полагаат државна матура ако сакаат да продолжат на факултет или само завршен испит доколку не планираат да го дооформуваат своето образование.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk