Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурантите сериозно ги сфатиле предупредувањата на лекарите да не пијат на матурските прослави. За цела недела имало само еден случај на предозираност со алкохол
Еден кумановски средношколец заглави на интерното одделение во Кумановската болница поради предозираност од алкохол на матурската прослава. Момчето било донесено на одделението во вторникот навечер, со сериозни здравствени проблеми. По укажаната лекарска помош деветнаесетгодишникот бил задржан во болницата уште два дена, а пуштен е дома дури утринава.
Други случаи на предозираност кај матурантите во текот на неделата немало. Лекарите велат дека тоа покажува дека средношколците сериозно ги сфатиле предупредувањата да не пијат и со тоа да го упропастат едно од најубавите моменти во животот. Сега на испит се полуматурантите, бидејќи во последно време се намалува старосната граница на лица што злоупотребуваат алкохол и завршуваат во болница.
Оваа недела матурски прослави организираа сите средни училишта во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk