„Матурска парада“ на градскиот плоштад во Куманово

17.05.2018 08:06 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад во Куманово утре напладна ќе се одржи „Матурска парада“.

„Матурска парада“ на градскиот плоштад во Куманово

На парадата ќе учествуваат над 300 матуранти од сите средни училишта во Општината, по однапред подготвена кореографија.

Кумановските матуранти ќе танцуваат на иста музика и во исто време заедно со своите врсници од десетина градови во Македонија и уште толку држави од Централна и Југоисточна Европа.

 Покровител на манифестацијата е Општина Куманово, Советот на Општината и Секторот за култура. Ќе следува и пригодна програма.

Европското прославување на матурата во Куманово беше прекинато  во 2015 година по случувањата во Диво Насеље, по десетина година. Оваа година повторно се возобновува манифестацијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk