“Мечки“ однесоа пакетчиња во Дневен центар кај Чик

26.12.2013 13:19 | KumanovoNews

Мото клубот “Мечки“ од Куманово денеска подели новогодишни пакетчиња на децата во Дневниот центар кај Чик.

“Мечки“ однесоа пакетчиња во Дневен центар кај Чик

Освен пакетчиња донесоа едукативни материјали, тетратки, боички, блокови, технички апарати кои ни се потребни. Тие се на некој начин наши спонзори. Ова не е инцидентно само за Нова година, туку не посетуваат и за Ден на дрво, засадуваме дрвца, одиме на излети заедно, се дружиме - вели Ивица Благојевиќ, психолог во Дневен центар.

Благојевиќ објаснува дека со “Мечки“ интензивно соработуваат последниве 6 години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk