Медицински кадар фали во болницата

18.08.2014 10:50 | KumanovoNews

Лекари, медицински сестри, акушерки и рентген технолози се потребни за подобра екипираност на Општа болница Куманово.

Медицински кадар фали во болницата

 Имаме дефицит на кадар како и секоја болница и мислам  дека со тек на време ќе се среди и оваа проблематика. Голем број на наши лекари специјалисти отидоа или во пензија, надвор од државата или приватно така што има недостаток. Имаме потреба за рентген технолози со високо образование барем уште 2 - 3, акушерки исто така 2 - 3 , медицински сестри 5 - 6 и со тоа ќе функционираме оптимално - рече Ариф Љатифи, директор на Општа болница Куманово.

Љатифи се надева дека до крајот на годината ќе има уште еден конкурс за вработување при што ќе бидат ангажирани 15 до 20 здравствени работници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk