Медицински сестри на обука во Центрот за хемодијализа Диамед

13.05.2017 09:17 | KumanovoNews

По повод Светскиот ден на медицинските сестри, техничкото училиште „Наце Буѓони„ и центрот за хемодијализа Диамед- Македонија, потпишаа меморандум за соработка за подигање на здравствената заштита и квалитен третман на бубрежно болните пациенти.

Медицински сестри на обука во Центрот за хемодијализа Диамед

Целта на соработката е полесно и поуспешно да се надминат тековните проблеми на пациентите кои имаат потреба од здравствена нега, како и надминување на проблемот со недостиг на стручен и обучен кадар во областа на хемодијализа.

„Со меморандумот ќе се обидеме со взаемно делување, да влијаеме на подобрување на нашите заложби за подигање на нивото на едукација на медицинските сестри, чија одговорност во оваа третманска процедура е на високо ниво и посебно значајна за пациентите и за тимот на Диамед. Имено учениците ќе имаат можност практично да ги осознаат сите специфики што ги носи хемодијализниот третман, а нивниот ангажман и желба за посветеност на работата, хуманост ќе бидат за нас вредности кои ќе ги земеме предвид за иден квалификуван кадар, - изјави Фросина Ефремовска, администратот во Диамед-Македонија подружница Куманово.

Диамед Македонија е мрежа на центри за хемодијализа која обезбедува грижа за болни кои се на хроничен хемодијализен третман.

„Наша мисија е да обезбедиме специјализиран кадар со врвни професионални вредности, квалитет во постојан подем, секогаш насмеани лица и услуги кои целосно ги задоволуваат барањата на нашите пациенти и вработените, - додаваат од Диамед Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk