Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во монтажниот објект има 6 училници и наставничка канцеларија во која настава посетуваат околу 400 ученика во 12 паралелки.
Учениците од медицинската насока во Техничкото училиште „Наце Буѓони„, на албански јазик, второто пологудие го започнааа во монтажни објекти поставени во кругот на зградата на поранешен ЗИК. Во зградата-контејнер има 6 училници и наставничка канцеларија, во која настава посетуваат околу 400 ученика во 12 паралелки. Настaвата се изведува во две смени.
Монтажниот објект го поврзавме со мал ходник до главната зграда и испадна како една целина. Во објектот има 6 училници и мала наставничка канцеларија. Ги приклучивме на централното греење од училиштето и создадовме услови за нормално одвивање на наставата. Со тоа привремено го решивме петгодишниот проблем учениците да посетуваат настава во 3 смени и во подрумски простории - вели заменик директорот на училиштето Сали Неџмедин .
Проблемот со недостаток на простор се појави кога учениците се преселија од матичното училиште во поранешната зграда на ЗИК. Таму во 17 училници наставата во три смени посетуваат 38 паралелки, околу 1100 ученици. Во договорот на Министерството за образованите и локалната самоуправа, монтажните училници ќе останат до крајот на годината, а во меѓувреме ќе се бара трајно решение на проблемот. Како опција се предлага отворање на уште едно средно училиште на албански јазик во кругот на касарната „Кристијан Карпош„ во населбата Бедиње во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk