Mеѓаши бара децата да се пуштат на распуст

16.12.2017 08:23 | KumanovoNews

Под итно децата да се пуштат на распуст, а помалите деца да не се пуштаат во градинките, бараат од првата детска амбасада во светот Меѓаши, поради еномната загаденост на воздухот во државата.

Mеѓаши бара децата да се пуштат на распуст

„Имајќи ја предвид енормната загаденост на воздухот и неговото катастрофално влијание врз здравјето, бараме од централната и локалната власт под итно децата да се пуштат на распуст а градинките и сите установи каде престојуваат деца да се затворат се додека концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките се намали во нормални граници и се додека од надлежните институции не се преземат соодветни, конкретни мерки за заштита, - соопштуваат од Меѓаши.

Во спротивно најавуваат дека ќе се придружат и ќе дадат целосна поддршка на веќе најавениот бојкот на наставата од страна на родителите, за 20 декември 2017.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk