Меѓуетничка интерграција во “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“

27.02.2015 12:39 | KumanovoNews

Основните училишта “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“, повеќе од две  години работат на меѓуетничка интеграција во образованието, и по тој повод денеска организираа заедничка приредба.

Меѓуетничка интерграција во “Браќа Миладиновци“ и “Бајрам Шабани“

Од училиштата велат дека мултиетничкото образование не претставува фиктивна идеја или нешто невозможно, напротив тоа е прв чекор кон создавање на граѓанско општество.

“ Без разлика на националност, верска или политичка припадност граѓаните имаат право да креираат општество еднакво за сите. Веќе две и пол години го работиме проектот и сме во завршна фаза. Ни останува уште една работилница од ваков тип и завршуваме“ - изјави Марина Манојловска, директорка на “Браќа Миладиновци“.

По приредбата имаше работилница на која беа промовирани македонската и албанската култура.

“Намерата ни е да се промовира нашата работа преку мултикултурализмот и тоа да продолжи и во други училишта, не само тука. Ние сме модел за другите училишта. Она што е презентирано на работилницата е во духот на мултикултурализмот. Работи кои не прават различни, но и слични“ - вели Г'зим Рушити, директор на “Бајрам Шабани“.

Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието е поддржан од УСАИД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk