Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општините Куманово и Гнилане наскоро ќе започнат поинтензивна меѓугранична соработка заради реализација на заеднички проекти преку ИПА фондовите.
Ова беше договорено при денешната средба на градоначалникот на Гнилане, Људви Назири, и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Гнилане е носител на иницијатива на ИПА 2 проектите за меѓугранична соработка на Косово и Македонија. Во средината на октомври ќе се одржи генерална конференција во Гнилане, а Куманово ќе земе учество, со што ќе се реактивираат микро регионите и ќе бидеме поблиску до имплементација на овие проекти. Канцеларијата наредната година ќе се пресели во Македонија и во регионот, па на тој начин да се забрза можноста за регионални проекти, - рече градоначалникот Дамјановски.
Општината Киманово и Гнилане потпишаа меморандум за соработка пред 5-6 години, но тоа остана само на хартија, па сега на барање на општината Гнилане се продолжува таму каде се застанало.
„Заеднички ќе работиме на повеќе инфраструктурни преокти во микро регионите Куманово-Гнилане-Трговиште, кои ќе бидат од заеднички интерес. Еден од нив е поврзување на Куманово и Гнилане преку новиот граничен премин Белановце-Станчиќ на македонско-косовската граница, кој ќе се пушти во употреба по завршување на патната инфраструктура. Од косовска страна патот е завршен, чекаме од македонската страна. Тоа ќе биде голем бенифит не само за населението туку и за бизнисмените бидејќи многу се скратува патот, - рече градоначалникот Назири.
Од Куманово до Гнилане, преку Липково има 27 километи, а преку Блаце над 90 километри.
Општините Куманово и Гнилане планираат до крајот на годината да и се збратимат.
Гнилане се наоѓа во Источно Косово и претставува административен центар со над 90.000 жители.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk