Меѓународен пинг - понг турнир за 11 Ноември

08.11.2014 11:18 | KumanovoNews

Во спортската сала на Гимназијата “Гоце Делчев“, денеска, се одржува петтиот Меѓународен пинг - понг турнир, организиран од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“ и општина Куманово.

Меѓународен пинг - понг турнир за 11 Ноември

На турнирот ќе се натпреваруваат 40 деца во три категории: кадети, кадетки и ветерани.

“Имаме гости од Бугарија, Србија, претставник од Црна Гора и од клубовите од Македонија. Кадетите и кадетките ќе играат претпладне, а подоцна ќе се натпреваруваат ветераните. Во сите категории ќе има дипломи и медали за најдобрите. Традиционално по турнирот ќе организираме едно дружење за сите учесници“ - вели Мики Трендафиловски, тренер на пинг - понгарски клуб “Куманово“.

На турнирот учествуваат деца од повеќе градови од Македонија.

“Имам 12 години, а веќе 6 години се занимавам со пинг - понг. Ова е убав спорт во кој многу важна е брзината. Тренирам во основното училиште “Јоаким Крчоски“ во Крива Паланка“ - кажа Димитар Костовски, учесник на турнирот.

Натпреварувачите ќе ги посети претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски, а прогласувањето на победниците ќе биде во попладневните часови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk