Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија Куманово, утре во 19.30 часот ќе биде отворена Меѓународната изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2017“ во организација на Фото кино клуб „Козјак“ .
На изложбата, која се организира по единаесети пат, ќе се претстават фотографи од земјава и странство во шест категории: портрет, музика, природа, живот, слободна црно – бела и слободна колор техника.
-Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб Козјак - Куманово и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2017,- информира организаторот.
На натпреварот земале учество 371 автор од 56 земји од целиот свет. Жирито во состав Боро Рудиќ (Македонија), Борислав Милановиќ (Србија) , Раша Милојевиќ (Србија) на изложбата доделиле 198 награди во шест категории.
Меѓу наградените се македонските автори: Сашо Алушевски, Миладин Поповиќ, Татјана Ранташа, Виктор Налевски и Стефан Ѓорѓиевски. Исто така членовите на нашиот фото клуб, Стефан Николиќ, Цветан Гавровски и Филип Илиевски се закитија со дипломи и медали.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk