Меѓународна струмичка ликовна колонија во Куманово

10.12.2014 09:46 | KumanovoNews

 Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена 51- та Меѓународна струмичка ликовна колонија.

Меѓународна струмичка ликовна колонија во Куманово

Организатор и координатор на проектот е Националната установа “Антон Панов“ - Струмица.  На 51 - та Меѓународна стримичка ликовна колонија учество зедоа следните уметници: Васил Алачев - Македонија, Владимир Илиевски - Македонија, Тања Арапова - Македонија, Гасанфер Бајрам - Македонија, Ѓорѓи Томовски - Македонија, Мишо Вемиќ - Црна Гора, Грзегозр Калиновски - Полска, Анета Јажвинска - Полска, Алксандар Јанкуловски - Македонија, Тања Таневска - Македонија, Јавора Петрова - Бугарија, Душан Клун - Словенија, Ајшегул Калкан -Турција, Угур Челеби - Турција, Јелена Стошиќ - Србија, Анка Крашна - Словенија, Богоје Анѓелковски- Македонија и Горан Ѓорев - Македонија. Во август 2014 година се одржа колонијата и на неа учествуваа 20-тина уметници од Турција, Полска, Бугарија, Црна Гора, Србија, Словенија и Македонија.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 25 декември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk