Меѓуопштински спортски игри на пензинерите во Крива Паланка

03.07.2018 11:20 | KumanovoNews

Во Крива Паланка денеска се одржаа меѓуопштински спортски игри на пензинерите, на кои покрај домаќините учествуваа и пензионери од Кратово, Пробиштип и Свети Николе.

Меѓуопштински спортски игри на пензинерите во Крива Паланка

Натпреварувањето се одвиваше во неколку спортски дисциплини и тоа: шах, пикадо, домино,табла, карти, фрлање во кош и шутирање во мали голчиња за мажи и жени.

Вкупно од секое здружение, според пропозициите учествуваат по 19 натпреварувачи.

Во текот на годината се одржуваат четири вакви манифестации.

“Кривопаланечката општинска организација на пензионери зема учество и во регионалните пензионерски спортски игри, како и на регионалната и републичката ревија на песни, музика и игри и бројни други помали средби и настани што се  од посебна важност за разубавување и облагородување на пензинерските денови“, - соопштуваат организаторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk