Меѓуопштинскиот превоз од четврток, се чекаат насоки за возниот ред

19.05.2020 16:41 | KumanovoNews

Автобускиот превоз кон селата во Куманово и Општината Старо Нагоричане ќе започне во четврток, најавуваат од компанијата „Јоцо-турс“.

Меѓуопштинскиот превоз од четврток, се чекаат насоки за возниот ред

 „Започнуваме со работа во четврток на релацијата Куманово-Скопје, ќе ги активираме линиите кон кумановските села и кон населните места во Општината Старо Нагоричане. Се  уште чекаме насоки од Владата за возниот ред и за бројот на патниците во возилата, по што ќе ги информираме нашите сограѓани, - соопштуваат од „Јоцо-турс“.

Владата денеска донесе одлука за нормализирање на јавниот градски и меѓуградски превоз од и кон Општина Куманово, но даде прецизни податоци од кога ќе започна и како ќе се организира.

 Меѓуградскиот и градскиот превоз во Куманово беше укинат на 24 март од Владата, за да се спречи ширењето на вирусот во градот и регионот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk