Медоносна година за пчеларите

09.07.2014 08:41 | KumanovoNews

Кумановскските пчелари очекуваат оваа година да извадат 150 тони мед.

Медоносна година за пчеларите

 Над 70 пчелари одгледуваат околу 4500 пчелни семејства во кумановско.  За разлика од лани, оваа година временските услови се поволни и пчеларите најавуваат медоносна година.

 - Минатата година беше катастрофално лоша и ретко кој собрал мед. Меѓутоа оваа година е спротивна и може да се каже дека во Куманово ќе биде медоносна, ќе даде доста мед и други пчелни производи како полен, прополис и матичен млеч. Ние сме задоволни ако најдеме просечно 20 - 30 кг мед по кошница. Во кумановско ќе се соберат околу 150 тони мед - вели Бранко Тасевски, претседател на пчеларско друштво “Пчела“.

Тасевски објаснува дека пчеларите резултатите ги сумираат во август кога завршува една и почнува друга пчеларска година и можат да оценат дали сезоната била успешна за нив.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk