Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, денеска и утре ќе се одржи првиот „Меѓународен фестивал на прозата“.
„Целта на манифестацијата е да се доближи книжевната прозна продукција до читателската публика, да се запознаат со домашните и страните авторите и нивните дела, што ќе придонесе до формирање на едно критичко, субјективно мислење, ќе се потикне и формира идниот читач“, велат организаторите на манифестацијата од Центарот за култура.
На првата фестивалска вечер гости се: Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ. Модератор е Фросина Крушкаровска. Вечерта ќе биде збогатена со музика во изведба на Јован Цветковиќ.
На Втората фестивалска вечер ќе гостуваат: Николина Андова Шопова, Жарко Кујунџиски, Давор Стојановски, Лира Бојку, Александар Шпатов и Фејзи Бојку, кои ќе читаат фрагменти по сопствен избор од книжевните остварувања кои длабоко оставаат траги во книжевноста. Модератор на втората вечер е писателот Петар Андоновски.
Свеченото отварање е во 20 часот, во фоајето на Центарот за култура. Фестивалот се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk